Skip Navigation LinksCSL home > Library > Document

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НАТО

w

Република Македонија и НАТО

14 страни, пдф
 Download Back

 

Република Македонија и НАТО

Издавач: Трајан Гоцевски

Обем: 14 страни, пдф

Опис:

Во услови кога силите на ЕУ cè уште не ce прераснати во највисоко ниво на мултинационалност и можност за континуирана употреба на воените инструменти за одбрана на националните или европските интереси, Република Македонија како приоритет во својата политика ja има определбата за поскорашно зачленување во НАТО. Република Македонија секако е свесна дека овој процес треба да ce сфати како долготрајна, макотрпна, сложена и скапа, но изодлива, прифатлива и најдобра од сите алтернативи кои и стојат на располагање.

Со цел да ce реализира оваа стратегиска цел, Република Македонија постепено ги трансформира своите приоритети и ги интензивира реформите неопходни за членство во НАТО. Kora станува збор за НАТО, може да ce каже дека тој и понатаму ќе игра клучна улога во воспоставувањето на мирот на овие простори. Последните промени што ce случија во Европа, упатуваат на заклучокот дека безбедноста во Европа не може да биде упатена само на една институција олицетворена во ЕУ. За вкупните односи од големо значење е улогата на НАТО во обидот за спречување на нестабилноста и справувањето со која и да било конкретна состојба.