Skip Navigation LinksCSL home > Library > Document

СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА ОДБРАНА

w

Современа македонска одбрана

120 страни, пдф
 Download Back

 

Современа македонска одбрана

Издавач: Министерсво за одбрана

Обем: 120 страни, пдф

Опис: 

Пред Вас е новиот број намеѓународното научно списание „Современа македонска одбрана“, списание од областа на безбедноста, одбраната, воените и воено-техничките науки. Списанието кое го издава Министерството за одбрана на Република Македонија во континуитет опстојуваи веќе 15 години. Од далечната 1999 година до денес во рамките на ова списание беа објавувани научни и стручни трудови од реномирани автори кои се занимаваат со проблематиката на одбраната и безбедноста од најразлични аспекти. Придонесот на едно вакво списание за развој на научната мисла и теорија од областа на одбраната е несомнен, но исто така е значајно што давајќи им можност на експертите преку едно вакво списание да се произнесуваат во јавноста, се овозможува да се изнаоѓаат и имплементираат и конкретни и практични решенија за унапредување на системот на одбраната на Република Македонија. Ќе потсетам дека списанието од стручно научно-теоретско списание денес ги има атрибутите на современо меѓународно научно списание, што значи дека е класифицирано во неколк умеѓународни класификациски системи и библиотечни бази, со што се здобива со една нова димензија и им дава можност на авторите да се претстават и во меѓународни рамки, да се споделат научните и практични искуства на едно повисоко ниво.