Skip Navigation LinksCSL home > Library > Document

ПАРТНЕРИ ВО МИР И ПРЕВЕНЦИЈА РЕГИОНАЛНА СТАБИЛНОСТ ПРЕК...

w

Партнери во мир и превенција Регионална стабилност преку човекова безбедност

147 страни, пдф
 Download Back

 

Партнери во мир и превенција Регионална стабилност преку човекова безбедност 

Издавач: Фондација Фридрих Еберт Канцеларија Скопје

 Обем: 147 страни, пдф

Опис

Од раните 90-ти идејата која повторно се појавува е дека конфликтната превенција стана мотивирачка концепција која ги олеснува обидите на бројните меѓународни владини и невладините актери да ги преиспитаат нивните ангажирања во сериозните кризни подрачја. Самиот концепт не ги заобиколува теоретските и политичките дебати и мртвите точки на прашањата: дали конфликтите можат да се спречат или треба да се спречат; или кој, зошто и како треба да се вмеша со цел да се спречи воениот конфликт? Сепак, бројните теоретски дебати го наметнаа консензусот дека конфликтите не мора да се несакани процеси, туку насилнички пристапи и средства за решавање на споровите. Покрај тоа, дебатите за политиките кои беа предизвикани од итните апели за спречување на насилството и кризата и за заштита на цивилите во кризните региони ги надмина филозофските интереси и прашања. Прашањето за способноста на војската за управување со кризи й претходи и ја засенува дебатата за долгорочната и структурната превенција на конфликти. Само драматичните настани како што беше случајот во Руанда и поранешна Југославија, Босна и Херцеговина, Косово и Македонија го фокусираа меѓународното внимание кон вистинската неопходност за сложена превентивна акција.