Извештајот на Прибе две години подоцна нова влада и нови можности за решавање на стари проблеми
Publisher: EPI
Volume: 11 pages, pdf
Description: Кога зборуваме за Извештајот на Прибе, најчесто мислиме на Итните реформски приоритети - документ на Европската комисија заснован на Извештајот, кој содржи конкретни препораки за дејствување. Ваквиот приод го носи ризикот да се занемари поширокиот контекст и суштината на наодите изнесени во Извештајот, особено со оглед на новата посета на експертската група најавена за јули 2017 г. Затоа во овој документ најпрво се дава кратка оценка на спроведувањето на Приоритетите, која се потпира на систематскиот мониторинг спроведен од Мрежата 23 во целиот период од изминатите две години. Сепак, исто така ќе се осврнеме на основните наоди и препораките од самиот Извештај, со цел да ги идентификуваме најкритичните прашања и ризиците во ново создадената ситуација, по формирањето на новата македонска влада, истовремено разгледувајќи го потенцијалите за промена. На крајот, за клучните прашања даваме опции и препораки.